Ќе се рушат ли зградите што се дивограби - со новиот закон може да се легализираат само куќи и фабрики. Градоначалниците и од власта и од опозицијата контра владиниот закон - го сметаат за половичен, кој создаде дополнителни проблеми. Ставот на сите градоначалници е дека мора сите објекти да се стават во една законска рамка, ако не сега значи тоа многу брзо да биде, таквите сугестии беа дадени до Министерството за транспорт и врски. Мојата сугестија со амандман, владата сега во законската собраниска процедура, да им даде можност и на тие граѓани кои што имаат свои станбен простор во колективните згради, да може да го легализираат. Но и покрај силните реакции од градоначалниците - останува нејасно зошто власта упорно го турка овој модел без да најде решение за зградите.
Ќе се рушат ли зградите што се дивограби - со новиот закон може да се легализираат само куќи и фабрики. Градоначалниците и од власта и од опозицијата контра владиниот закон - го сметаат за половичен, кој создаде дополнителни проблеми.
„Ставот на сите градоначалници е дека мора сите објекти да се стават во една законска рамка, ако не сега значи тоа многу брзо да биде, таквите сугестии беа дадени до Министерството за транспорт и врски“, изјави Зоран Алексов.
„Мојата сугестија со амандман, владата сега во законската собраниска процедура, да им даде можност и на тие граѓани кои што имаат свои станбен простор во колективните згради, да може да го легализираат“, вели Зоран Заев.
Но и покрај силните реакции од градоначалниците - останува нејасно зошто власта упорно го турка овој модел без да најде решение за зградите.
Според информациите на А1 - законот пред да добие зелено светло на владина седница внел несогласувања и меѓу министрите.
Едни го поддржувале но дел сметале дека треба да се измени, оти ги дискриминира оние што живеат во станови - наспроти оние во куќи и оти не се решава проблемот со дивоградбите.
„Имаме случаи на целосно големи објекти, колективни кои веќе се во функција, веќе живеат луѓе во тие објекти и сега законот да не ги третира, јас мислам дека не е во ред“, изјави Скендер Палоши.
За да се легализира објектот - по метар квадратен ќе платите - 0,5 проценти од вкупниот годишен приход, на сите членови на семејството, пресметано за годината пред да ја почнете постапката.
„Многу тешко општините самите да одредат колкави се приходите на граѓаните, а познавајќи го нашиот менталитет, јас можам речиси со сто посто сигурност да кажам дека најголем дел од граѓаните ќе се обидуваат да го изманипулираат законот“, вели Скендер Палоши, општина Тетово.
„Овие 0,5 проценти, прво ги доведува во привилегирана состојба оние граѓани кои што досега не ги почитувале законите“, вели Зоран Заев.
Според сегашните проценки во земјава има околу 300 илјади објекти што се дивоградби и имаат нелегално дограден дел.